Вештачката интелигенција дијагностицира болести, вози коли, слика цртежи, монтира видеа, а сега и пишува есеи. Се плашите или се радувате? Овој пат разговаравме за ChatGPT и сличните четботови кои користат вештачка интелигенција. Од моментот на нивно стапување на сцената пред неколку месеци, разни сектори почувствуваа дека нивната иднина не е веќе сигурна. Каков ќе биде ефектот врз образованието, дали тоа ќе значи дека луѓе во контент-индустријата и новинарството ќе губат работни места, но и како воопшто функционира овој вид на вештачка интелигенција и која е можната цел во светот, се дел од прашањата на кои се обидуваме да одговориме во новата епизода на „Одраз“.
Со нашите соговорници Игор Трајковски, поранешен професор на ФИНКИ и создавач на time.mk, со Татјана Ефтимоска, професорка по македонски јазик во приватното училиште „Нова“ и поранешна координаторка за Меѓународна матура во училиштето и со Анастасија Петревска, искусен пишувач, уредник и менаџер во контент-индустријата, се обидуваме да одгатнеме: Треба ли да се плашиме од ChatGPT?
Comments (0)
To leave or reply to comments, please download free Podbean or
No Comments
To leave or reply to comments,
please download free Podbean App.